ПОРТУГАЛЕЦОТ ВО СВОЈ СТИЛ

Роналдо си најде другар за да честита Божиќ

Најдобриот фудбалер во светот се сликаше со восочна фигура со неговит лик и на сите им го честиташе големиот празник 

објавено: 25 декември 2016 - 11:40

Кристијано Роналдо не заборави да го честита Божиќ на сите католички верници во светот. Португалецот испрати порака „Среќен Божиќ, свету“ со слика на која тој беше фотографиран со восочна кукла со неговиот лик, која се наоѓа во португалскиот град Мадеира. 

Поради празниците, играчите на Реал Мадрид добија одмор, а Роналдо е единствениот кој има дополнителни денови за пауза. Тренерот Зинедин Зидан реши да му даде малку повеќе пауза, за да има време Португалецот да ја санира минималната повреда ан мускулот на ногата. 

Се очекува тој да се врати на теренот на 27 декември

Најново во Меѓународен Фудбал