Заврши авантурата во Севиља

САМПАОЛИ ИСПРАТЕН СО СВИРЕЖИ: Мојата татковина ме повикува

Тренерот на Севиља вчера за последен пат ги водеше играчите на овој шпански тим, а веќе во наредните денови ќе седне на селекторската функција на Аргентина

објавено: 21 мај 2017 - 13:00

Хорхе Сампаоли во наредните денови и официјално треба да биде промовиран за нов селектор на Аргентина. Тренерот на Севиља вчера за последен пат го водеше својот тим во победата против Осасуна од 5:0.

„Чувствувам потреба да одам. Мојата татковина ме повикува. Потребен сум и на Аргентина" изјави Сампаоли вчера.

Под водство на Аргентинецот, Севиља оваа сезона ја заврши на четвртото место со 72 освоени бодови.

Најново во Меѓународен Фудбал