НА ПОВИДОК И ОФИЦИЈАЛНА РАЗДЕЛБА СО СЕВИЉА

Сампаоли ќе ги води „гаучосите“

Се чека само уште одговор од националниот сојуз на Аргентина

објавено: 19 мај 2017 - 19:15

Полека но сигурно станува извесно. Хорхе Сампаоли ќе биде новиот селектор на Аргентина.

Искусниот стратег на денешната прес-конференција во Севиља рекол дека ќе го напушти клубот само доколку добие официјална покана на својот национален тим, што значи дека сега е на потег националната фудбалска федерација на Аргентина, за сето тоа добие и официјална потврда.

Ако се биде како што се очекува, на клупата на популарните „гаучоси“ Сампаоли ќе седне пред „вечното дерби“ во Јужна Америка. Дуелот со Бразил, пријателски, кој е закажан на 9. јуни во Мелбурн. 

„Јас нема да одам од Севиља во друг клуб. Промена може да направам само со срцето, поради својата земја. Тоа е понуда која не може да се одбие. Секој човек има свој сон, а мојот е да играм и да ја тренирам мојата земја. Сега не можам да играм, затоа што ме спречуваат нозете. Во овој момент можеме да зборуваме за Аргентина, затоа што своите цели во Севиља ги постигнавме. Но таа одлука не е во моите раце“ - рече Сампаоли. 

Шпанските новинари ги интересираше дали веќе одлучувал за списокот на националниот тим.

„Не сум дал список на националниот тим. Прво сето тоа треба да го одобри Севиља, која е мојот клуб, а сите други шпекулации се некои лоши намери на новинарите. Така изгледа, како нешто да е скриено. А јас секогаш бев јасен со управата на клубот. Овде ќе бидам се додека клубот го сака тоа. Сеуште не дошло до официјална спогодба помеѓу клубот и АФА“- дополни Сампаоли. 

Најново во Меѓународен Фудбал