ОТКАКО КАТАЛОНИЈА ПРОГЛАСИ НЕЗАВИСНОСТ

Се распаѓа шпанското првенство !?

Во неделниот меч Реал Мадрид треба да гостува на Жирона, но можно е тој дуел да не се одигра

објавено: 27 октомври 2017 - 18:30

Шпанскиот првак Реал Мадрид може да не го одигра неделниот дуел против Жирона, во рамките од 10. коло во Примера дивисион. Причина за тоа е денешната одлука, Каталонија да прогласи независност. 

Реал Мадрид е симбол на мадридскиот централизам и на Шпанија. Поради тоа постои опасност од навивачки нереди поради гостувањето на Реал против каталонскиот тим. Од редовите на „кралскиот клуб“ најавуваат дека тие се подготвени да заминат на тоа гостување без разлика на ризикот кој сега е реален.

Освен Жирона, во Примера дивисион од каталонија се и екипите на Еспањол, како и гигантот и симболот на Каталонија, екипата на Барселона. 

Од Примера најавија дека нема да има промени и мечевите нормално ќе се играат. Еспањол ќе биде домаќин на Бетис на 30 октомври, додека Барселона утревечер ќе гостува на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао.

Најново во Меѓународен Фудбал