„МАРКА" ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА НА ШПАНСКАТА СОБЛЕКУВАЛНА

Седум играчи одамна знаеле „од каде дува ветерот"...

По информацијата која Флорентино Перез му ја пренел на капитенот Серхио Рамос, истовремено истата ја дознале и Карвахал, Васкез, Асенсио, Иско, Фернандез и Ваљехо.

објавено: 13 јуни 2018 - 21:30

Фдбалскиот свет остана изненаден кога Флорентино Перез во понеделникот објави дека наследник на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид ќе биде (тогаш) актуелниот селектор на Шпанија, Жулен Лопетеги.

Таа вест ги шокираше луѓето во шпанската фудбалска федерација, изненадени беа и поголем дел од играчите, но не и оние седум кои „потекнуваат "од „кралскиот клуб".
Односно по информацијата која Перез му ја пренел на капитенот Серхио Рамос, истовремено истата ја дознале и Карвахал, Васкез, Асенсио, Иско, Фернандез и Ваљехо.
Сите знаеја дек од следната сезона на клупско ниво, ќе ги води човекот кој им е актуелен селектор..

Таа вест ја донесе „Марка" која пишува дека другиот дел од екипата бил шокиран со неговата одлука, со оглед на тоа дека ја донел на 72 часа пред стартот на Мундијалот, односно првиот меч на СП , оној со Португалија.

„Рамос и Иниеста се обидоа да ни дадав уверување дека Лопетеги треба да остане селектор до крајот на Мундијалот, но не можевме да преминеме пред такво предавство. Избран е за нов тренер на Реал Мадрид, а никој од нас не знаеше дека преговара. Се дознавме пет минути после службената објава, и тоа е доста безобразно од него. Одлучивме повеќе да не биде селектор и му посакуваме се најдобро во иднина" – рече претседателот на шпанската федерација Луис Рубиалес.

Од „Марка" додаваат дека Лопетеги рекол дека одлуката не ја смета за погрешна. Сакал на своите играчи да им ја каже вистината, иако признава дека таа е сепак донесена во погрешно време.

Најново во Меѓународен Фудбал