Членот на Примера ќе ја спасува кариерата на Црногорецот

Севиља „загреана“ за Јоветиќ

„Збориме за фантастичен играч и се надевам дека кај нас може да искаже колку голем потенцијал поседува" изјави претседателот на Севиља

објавено: 4 јануари 2017 - 18:00

Епизодата на Стеван Јоветиќ во Интер дефинитивно е завршена а на „маса" Црногорецот и неговиот агент Фали Рамадани имаат седум понуди. Неколку европски клубови од големата „четворка" се заинтересирани за услугите за популарниот „јојо".

Но, се чини дека како најинтересна се истакнува таа на Севиља. Членот на Примера ќе се обиде своите редови да ги засили со проверен фудбалер, кој немаше среќа со повредите.

„Зборуваме за фантастичен играч и се надевам дека кај нас ќе може да го искаже големиот потенцијал кој што го поседува. Не сакам да зборувам за останатите работи кои што не се разрешени, но се надевам дека ќе постигнеме договор" изјави за локалните медиуми Кастро Кастро Кадења, претседател на Севиља.

Јоветиќ потекнува од школата на Партизан, а пред да замине во Интер играше и за Фиорентина и Манчестер сити.

Во „виола" ги имаше и најдобрите партии, но, токму и таму започна проблемот со повредите. Првата од нив беше кинење на лигаментите на коленото при што паузираше 290 денови.

Најново во Меѓународен Фудбал