ИАКО ФРАНЦУЗИНОТ ОСВОИ ТРИ ЕВРОПСКИ ТИТУЛИ ПО РЕД

ШОК: Зидан веќе не е тренер на Реал Мадрид!

На „кралскиот клуб“ му прејде во навика да менува тренери кои му носат европска слава

објавено: 31 мај 2018 - 13:02

Зинедин Зидан на 4 јануари 2016 година стана тренер на Реал Мадрид, наследувајќи го Рафаел Бенитез, за 878 дена на корилото, освои три титули по ред во Лигата на шампионите, но и покрај историскиот подвиг, тој ја напушта функцијата. Реал ниту еднаш не беше елиминиран во европски двомеч со Зидан на клупата.

Дали слабите резултати во шпанското првенство и Куп, или нешто друго е причина за неговата разделба со Реал, засега е мистерија. Зидан во моментов држи прес-конференција на која ќе каже повеќе детали. 

Најново во Меѓународен Фудбал