ПРЕДВОДНИКОТ НА АТЛЕТИКО МАДРИД ЗА АКТУЕЛНИОТ ПРОБЛЕМ

Симеоне: Не тренираме пенали

Скоро низ целиот тек на оваа прва фаза од сезоната „јорганџиите" имаат доста нереализирани удари од 11. метри...

објавено: 13 февруари 2017 - 19:45

Девет досудени „пенали" и дури шест нереализирани обиди од 11. метри се зад фудбалерите на Атлетико од Мадрид во овој прв дел од езоната.
Последниот кој не ја погоди мрежата на противникот од најидеалната ситуација за време на еден фудбалски меч беше Фернандо Торес.


Еден од најдобрите стрелци во Шпанија во изминатата деценија во неделниот дуел со Селта, при резултат 1:1 ја погоди пречката. Момент поради кој неговите соиграчи ги обезбедија трите бода дури по оној ретко виден пресврт во финишот.
Тренерот на тимот од Мадрид, Диего Симеоне, вели дека нереализираните „пенали" се „составен дел од фудбалот", и дека ефектот од „белата точка" не може да се поправи со дополнителни тренинзи.

„Некои велат дека е потребно да тренираме изведување на пенали. Но за тоа да има цел, би морале на еден тренинг да донесеме 30.000 гледачи. Сепак, не е исто кога шутираш пенал за време на тренинг и на натпревар. На натпреварот си под притисок, а можеш да бидеш и заморен" - појасни едноставно Симеоне

Се надевам дека ќе имаме уште вакви прилики, затоа што само така играчите можат да бидат помирни и да стекнат поголема самодоверба"- додаде Аргентинецот по оние неверојатни (3:2) пртив тимот од Виго.

Најново во Меѓународен Фудбал