По бројните шпекулации, „везистот“ се огласи

Сите го селат од Мадрид, а тој нема намера да го напушти Реал

По бројните шпекулации дека е на излезната врата на „Сантијаго Бернабеу“, фудбалерот на Реал Мадрид, Иско излезе со демант. 

објавено: 19 февруари 2017 - 10:45

Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско, изјави дека нема намера да го напушти клубот. Неговиот договор со кралскиот тим му истекува следната година, а доколу се прашува тој, и натаму би останал во „Сантијаго Бернабеу“.

„Јас сум смирен, едноствено што размислувам е што подобро да ги искористам минутите кога ќе добијам шанса. Среќен сум во Реал и сакам да останам уште многу години. На крајот на сезоната заедно ќе донесеме одлука за продолжување на договорот", рече Иско.

Шпанецот во саботата беше асистент на двата гола во победата над Еспањол 2:0. Пред извесно време се шпекулираше дека за неговите услуги се заинтересирани, Барселона и Арсенал.

Најново во Меѓународен Фудбал