СОМНИТЕЛНИ СЕ ДУРИ 51 НАТПРЕВАР

СКАНДАЛ ВО ШПАНИЈА: Реал и Барса под истрага за наместени натпревари

Двата најголеми шпански клубови, Реал Мадрид и Барселона се под истрага за местење на натпревари.

објавено: 22 февруари 2018 - 13:08

Станува збор за нивните Б тимови, за кои постои сомнение дека се наместени поради нелегално обложување во азиските обложувалници, пишува шпнаски „el confidencial".

Полицијата на Шпанија, Сингапур и Хонг Конг се вклучени во решавање на случајот. Во извештајот се наведува дека голем број на букмејкери се вмешани, поголем дел од исплатите биле направени во азискиот регион, а има сомнителни резултати на дури 51 натпревар во последните три сезони.

Најсомнителен е натпреварот меѓу Барселона и Елдензе, кој заврши со резултат 12: 0 во корист на каталонскиот тим, како и мечот меѓу Реал Мадрид и Керседе, одигран оваа сезона, која завршил со 2: 0 во корист на тимот на Мадрид.

Засега нема подетални информации за останатите натпревари.

Најново во Меѓународен Фудбал