НЕ Е НИШТО БАДИЈАЛА ВО ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ

Слободата на Лопетеги чини два милиони евра!

По петти пат во историјата Рела активира клаузула за еден тренер...

објавено: 12 јуни 2018 - 20:45

Уште еднаш, Реал Мадрид го шокираше фудбалскиот свет... Уште еднаш...

И тоа со објавата дека Жулен Лопетеги е наследник на Зинедин Зидан, со што кралскиот клуб конечно стави крај на сите шпекулации кој ќе биде новиот тренер.
А во исто време го фрли фудбаскиот сојуз на Шпанија во големи пробленми, непосредно пред стартот на Светскиот шампионат во Русија.
Со оглед на тоа дека веќе во петок, „црвената фурија" игра со Португалија, вистинско дерби во групата „Б", јасно е дека изненадувачката вест за заминувањето на актуелниот селектор (после шампионатот), ќе донесе немир во соблекувалната.

Навистина ќе донесе и пари во касата на сојузот, затоа што со неодамна потпишаниот договор за продолжување на соработката (до 2020) Лопетеги има и „излезна клаузула".
И тоа од „само" два милиони евра, уверува „Марка".
Таа сума ќе ја плати Реал Мадрид за да биде слободен нивниот сега веќе нов избор, со кој склопи договор со траење од три сезони.
Ова е само петти пат во историјата тимот од Мадрид да плати отштета за да ангажира еден шеф на струката. Претходно, односно во 1989 година, мораа да платат пари на сметката на Реал Сосиедад за услугите на Џон Тошак (90.000.000 пеети), во 2009 година на Виљареал, за Мануел Пелегрин (четири милиони евра), па следната година и на Интер за Жозе Мурињо (осум милиони евра), а во 2013 година и на ПСЖ за да го добијат Карло Анчелоти, момент кој ги чинеше „кралевите" четири милини европски банкноти.

 

Најново во Меѓународен Фудбал