Нова победа за „кралевите“

Солари и Реал нижат победи (ВИДЕО)

Кралскиот клуб оствари нова победа во Ла Лига, овој пат на гости кај екипата на Селта во Виго.

објавено: 11 ноември 2018 - 22:45

Фудбалерите на Реал (М) продолжуваат со одлични настапи под водство на в.д. тренерот Сантијаго Солари. Вечерва европскиот шампион славеше на гостувањето во Виго против екипата на Селта со 4:2 во меч во кој повторно блесна Карим Бензема.

Францускиот голгетер го отвори резултатот по само 23. минути игра и беше еден од најрасположените кај гостите. Вториот гол за Реал беше практично автогол на Кабрал, додека третиот гол за Реал е дело на Серхио Рамос од белата точка. Точна на победата на Реал стави и младиот Дени Себаљос со голот во судиското продолжение. За домашните Маљо погоди во 61. минута, а Мендез во 94. минута ги постави конечните 2:4.

За Реал ова е втора врзана победа во првенството по онаа очајна серија од три последователни порази.

 

Најново во Меѓународен Фудбал