РАЗОЧАРАНИ ШПАНЦИТЕ ОД ЛЕТНИТЕ ЗАСИЛУВАЊА

СРАМ ДА ВИ Е: „Марка“ со шлаканица за Реал Мадрид!

„Марка" отсекогаш била некако на страната на Реал Мадрид, но овој пат одлучи да упати критики поради трансфер политиката.

објавено: 15 август 2018 - 19:15

Реал Мадрид го продаде Кристијано Роналдо, но не стигнаа најавените звучни засилувања како Мбапе, Азар или Нејмар, па на крајот стигнаа „само" Тибо Куртоа, Алваро Одриозола, Андриј Лунин и Винисиус Жуниор.

„Не сте повеќе гладни за успеси? Алергични на трансфери? Штедите ли пари за 2019. година? Можеби станува збор за трик? Срам да ви е!!!", пишува „Марка" за лошиот преоден рок на „кралевите".

Се прашува истиот извор, зошто е доведен Куртоа, кога Кејлор Навас добро бранеше во изминатите години, сега има дури пет голмани, дојде и Лунин, а тука се веќе Касиља и Лука Зидан.

Навивалите се исто така разочарани, со надеж дека брзо ќе се пронајде „идеалната" замена за Роналдо кој се пресели во Јувентус.

Најново во Меѓународен Фудбал