УРУГВАЕЦОТ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР ГОЛГЕТЕР

Суарез сега има чифт на Златни копачки

Напаѓачот на Барселона во ланската сезона даде 40 погодоци во Примера и со тоа не само што беше прв стрелец во Шпанија, туку и во Европа 

објавено: 20 октомври 2016 - 16:53

Луис Суарез комплетираше чифт златни копачки. Уригваецот ја доби наградата „Златна копачка“, која се доделува за најдобриот стрелец во Европа, за минатата сезона. Ова е негово второ вакви признание, бидејќи најдобар беше и во 2014 година, но тогаш како играч на Ливерпул.

Суарез минатата сезона ја заврши со 40 погодоци во дресот на Барселона во Примера. Со тоа постигнување, не само што беше најдобар во Шпанија, туку немаше подобар од него, во цела Европа. На церемонијата на доделување на наградата, Уругваецот беше со својата ќерка Делфина и синот Бенхамин, кои се појавија со мини верзија од „Златната копачка“.

„Ако следната година не бидам најдобар, се надевам дека тоа ќе биде еден од Лионел Меси или Нејмар. Тие двајца многу ми помогнаа да ја освојам оваа награда. Од сите 40 голови кои ги дадов, најдраги ми се тие што ги постигнав на „Сантијаго Бернабеу“. Уште како дете сонував да бидам во најдобриот тим во светот и тоа ми се исполни“, рече Суарез.

Оваа награда за најдобар голгетер почна да се доделува од 1968 година.  

 

Најново во Меѓународен Фудбал