Стравичен пад, но за среќа Фернандо е во стабилна состојба

Торес брзо се освести и си посака експресен кам-бек

Фернандо Торес имаше тежок пад, директно на главата, но брзо се освести, откако на носилки беше изнесен надвор од теренот на „Ријазор“ во Ла Коруња

објавено: 3 март 2017 - 08:35

Фернандо Торес имаше тежок пад, директно на главата, но брзо се освести, откако на носилки беше изнесен надвор од теренот на „Ријазор" во Ла Коруња.

„Ви благодарам на сите што ми испртативте порака за брзо закрепнување. Се надевам дека ќе се видиме наскоро на фудбалските терени“, напиша Торес на својот Твитер профил.

Во финишот на мечот меѓу Депортиво и Атлетико Мадрид, напаѓачот на гостите падна директно на глава по воздушниот дуел со Бергантинос. Соиграчите веднаш притрчаа да му помогнат, а по реакцијата беше јасно дека е сериозно. Но, за среќа Торес на пат за болница се освести и разговарал со членовите на медицинскиот тим. Торес има потрес на мозокот, а преноќи во болница.

„Беше страотно. Слушнав како пукна силно по падот на Фернандо. Му посакувам што поскоро да се врати на теренот, тој е цврсто момче, ќе ја надмине повредата“, рече Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид.

 

Најново во Меѓународен Фудбал