Кралско засилување за тимот од Лондон

Тотенхем го „мерка“ Ковачиќ

Според медиумите од Островото, хрватскиот репрезентативец летово би можел да го напушти кралскиот тим и да замине во Лондон

објавено: 20 март 2017 - 23:00

Екипата на Тотенхем, на чело со тренерот Маурицио Покетино веќе ги прави плановите за летниот трансфер период. Според информациите од Англија, тимот од Лондон е сериозно заинтересиран за Матео Ковачиќ.

Хрватот во дресот на Реал Мадрид не ги исполни очекувањата и по само две сезони би можел да си замине од кралскиот клуб.

Според одредени информации, преговорите се веќе започнати, но, постои голема разлика во обесштетувањето. Тотенхем сака да плати 15, додека Реал бара 25 милиони фунти.

Како што е познато, во минатото за Тотенхем настапуваа Ведран Чорлука и Нико Крањчар, но, најголем белег остави Лука Модриќ кој токму од овој тим замина во Реал Мадрид.

Најново во Меѓународен Фудбал