ВО РЕЗУЛТАТСКА КРИЗА СЕ НАОЃА ТИМОТ ОД ВАЛЕНСИЈА ВО ПРИМЕРА

Убава „прошетка“ на Севиља, катастрофа на Леванте и Барди! (ВИДЕО)

Денеска во петтото коло од најсилното шпанско првенство составот на Севиља го декласираше Леванте на гостински терен со 2:6.

објавено: 23 септември 2018 - 14:11

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот меч, при 0:0 имаше убава шанса да дојде до погодок, но топката заврши само неколку сантиметри покрај стативата.

Кај домаќините Рожер стрелаше, Моралес утна пенал, а Кјаер си постигна автогол, но само за ублажување на поразот.

За гостите одлична партија имаше Бен Једер кој забележа хет-трик, а по еден погодок имаа Карико, Силва и Сарабиа.

После стартната победа сезонава во Примера, екипата на Леванте веќе четврти меч по ред ги разочарува навивачите, моментно е на 15. место со четири бодови.

-ПРЕКРАСНАТА ШАНСА НА БАРДИ ПРИ 0:0 НА МЕЧОТ ЛЕВАНТЕ-СЕВИЉА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Најново во Меѓународен Фудбал