Дефанзивецот не сака да си оди

Умтити: Сакам да освојувам титули со Барселона

Самуел Умтити предизвика многу внимание во последно време, а како што објавија шпанските медиуми блиску е до заминување од Барселона. Откупната клаузула му е 60 милиони евра, но францускиот дефанзивец вели дека има поинакви планови

објавено: 2 април 2018 - 21:20

Самуел Умтити предизвика многу внимание во последно време, а како што објавија шпанските медиуми блиску е до заминување од Барселона. Откупната клаузула му е 60 милиони евра, но францускиот дефанзивец вели дека има поинакви планови и сака да остане во редовите на Каталонците.

„Знам дека има интерес од доста клубови да ме ангажираат, но јас мислам само на игрите на теренот. Имам планови со Барселона и сакам да освојувам титули. Во модерниот фудбал и немате многу избор. Ќе дојде клуб ќе ја плати отштетната клаузула и ќе морате да се селите. Моите планови се да продолжам да ихграм за Барселона и засега само тоа ме интересира“, вели бекот на Барса.

Преговорите меѓу него и лидерот во шпанското првенство се уште се во тек, а на портите на Барселона се реди долг ред од клубови кои се заинтересирани за младиот француски ас.

Најново во Меѓународен Фудбал