МЕСИ ТРГНА ВО ОФАНЗИВА ДА ГО ДОВЕДЕ ВЕРАТИ ВО БАРСЕЛОНА

Вечера од 300 милиони евра

Двете големи ѕвезди се сретнале на Ибица, а Аргентинецот го наговарал играчот на Пари Сен Жермен да дојде во каталонскиот гигант

објавено: 15 јуни 2017 - 15:00

Лионел Меси почна да ги превзема работите во свои раце и надвор од теренот во Барселона. Најдобриот играч на каталонскиот гигант сака на „Камп Ноу“ да дојдат неколку квалитетни играчи, за да може клубот повторно го врати тронот во шпанското првенство, но и да ја прекине доминацијата на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. 

Меси е на одмор на Ибица, каде моментно престојува и Марко Верати. Лео сака Верати да дојде во Барселона, а на шпанскиот остров имал и директен контакт. Двајцата фудбалери биле на вечера, на која Меси го убедувал Верати, летово да дојде во каталонскиот гигант. 

За италијанскиот репрезентативец се интересираше и Јувентус, но понудата вредна 80 милиони евра беше одбиена. Се очекува ПСЖ да добие најмалку 100 милиони евра од раскинот на договорот на нивнито најдобар играч. 

Најново во Меѓународен Фудбал