Несекојдневен потпис

Верен на клубот - Ињаки Вилијамс останува во Атлетик Билбао до 2025 година

Ињаки Вилијамс потпиша долгорочен договор со својот клуб Атлетик Билбао и ќе остане на „Сан Мамеш“ до 2025 година 

објавено: 17 јануари 2018 - 13:39

Ињаки Вилијамс потпиша долгорочен договор со својот клуб Атлетик Билбао и ќе остане на „Сан Мамеш" до 2025 година.

Еден од најталентираните шпански фудбалери покажа верност кон баскискиот клуб во кој е од 2014 година. 

Откупната клаузула е висока и изнесува 80 милиони евра и ќе расте пропорционално до крајот на договорот со конечна отштета за трансфер во друг клуб во висина од 108 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал