КОШМАРНИ ЦИФРИ ЗА „КРАЛСКИОТ КЛУБ“

Во пет месеци дури 30 повреди во Реал

Светскиот клупски шампион Реал Мадрид не се претставува добро во новата сезона, а за тоа во голема мера се виновни и честите повреди на играчите

објавено: 10 јануари 2019 - 14:00

Реал со поразот од Сосиедад во претходното коло запиша шест порази и има 30 поени, доволно само за пето место во Ла Лига односно 10 бода помалку од лидерот Барселона. Тоа веќе се кошмарни цифри, а уште кога на тоа ќе се придодаде и бројот на повредени играчи и отстуства тогаш јасно е зошто „Кралскиот клуб" плива во криза.
Во последните пет месеци во Реал имало 30 повреди, а рехабилитациониот период на фудбалерите од тие повреди е вкупно 500 дена.
Последен во болницата на Реал влезе Тони Крос кој беше заменет пред крајот на мечот со Сосиедад и ќе паузира меѓу две и три седмици поради проблем со препоните. Германецот е петтиот фудбалер на „кралскиот клуб" во моментов заедно со Герет Бејл, Маријано Диас, Маркос Љоренте и Марко Асенсио.
Љубопитно е што Бејл четврти пат е отсутен поради повреда оваа сезона и вкупно 22. пат од доаѓањето во клубот во 2013 година.

 

Најново во Меѓународен Фудбал