Барса и Реал во необична пресметка

За првпат „Ел Класико“ надвор од Шпанија

За првпат по 35 годидни. Барселона и Реал Мадрид ќе одиграат дуел надвор од Шпанија.  

објавено: 15 февруари 2017 - 13:00

За првпат по 35 годидни. Барселона и Реал Мадрид ќе одиграат дуел надвор од Шпанија. Станува збор за пријателски натпревар, кој двата најголеми клубови во Европа ќе го играат во САД.

Ова ќе биде прво „Ел Класико“ надвор од Шпанија по 1982 година, но и прв пријателски натпревар меѓу Барселона и Реал Мадрид по 26 години.

Оваа вест ги израдува, но и разочара Американците, кои во Мајами нема да имаат шанса на дело да го гледаат Кристијано Роналдо, кој во тој период ќе настапува во „Купот на конфедерациите“ заедно со Португалија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал