Минимална предност за Каталонците пред реваншот на „Местаља“

Заедно се возат и заедно газат на терен - Меси и Суарез ја победија Валенсија (Видео)

Лионел Меси и Луис Суарез повторно беа во главна улога и по нивната акција Барселона постигна победнички гол против Валенсија во првиот меч од полуфиналето во Копа Дел Реј

објавено: 1 февруари 2018 - 23:26

Лионел Меси и Луис Суарез повторно беа во главна улога и по нивната акција Барселона постигна победнички гол против Валенсија во првиот меч од полуфиналето во Копа Дел Реј.

Интересно е што камерите фатија момент како двајцата заедно со автомобилот на Меси пристигнаа на „Камп Ноу“, а соработката продолжи и на теренот. Меси во 67. минута му асистираше на Суарез, а Уругваецот со удар со глава ја затресе мрежата на Валенсија за победа од 1:0.

 Реваншот е за една седмица на „Местаља“.

Најново во Меѓународен Фудбал