Разиграни Каталонци

Жирона го разби Лас Палмас, Олунга стана клупски рекордер со хет-трик

Жирона го декласира Лас Палмас со 6:0, што им е највисока победа во настапите во шпанската Прва лига, а Мајкл Олунга се запиша во клупската историја на победничкиот состав со хет-трик

објавено: 13 јануари 2018 - 15:04

Жирона го декласира Лас Палмас со 6:0, што им е највисока победа во настапите во шпанската Прва лига, а Мајкл Олунга се запиша во клупската историја на победничкиот состав со хет-трик.

Тој е прв играч што постигнал три гола за Жирона во Ла Лига, а интересно е што играше само едно полувреме, второто на мечот во Каталонија.

Влезе во игра во 46. минута на местото на првиот стрелец на дуелот Стуани и сам ги декласира гостите. Покрај него и Стуани стрелоци беа и Порту и Гарсија, а Жирона се приклучи кон горниот дел на табелата, на делба на осмото место со Хетафе. Лас Палмас остана на делба на последното место со Малага. Двете екипи имаат по 11 б одови.

Најново во Меѓународен Фудбал