Точно напладне и без голови

Жолтата подморница не потона во Андалузија, Севилја - Вилјареал 0:0

Севилја и Вилјареал одиграа без голови во дербито од 21. рунда во шпанското првенство. Јунак на гостите е голманот Серхио Асенхо, кој одбрани пенал

објавено: 5 февруари 2017 - 13:54

Севилја и Вилјареал одиграа без голови во дербито од 21. рунда во шпанското првенство. Јунак на гостите е голманот Серхио Асенхо, кој одбрани пенал во 49. минута. Самир Насри не успеа да го совлада извонредниот репрезентативец на Шпанија и да ја доближи Севилја поблиску до врвот на табелата.

Шанси имаше и популарната „Жолта подморница“, но на крајот мрежите мируваа. Севилја сега е третопласирана во Примера Дивизија со 43 бода, два помалку од Барселона и три од Реал Мадрид. Вилјареал е петти со 35 бодови.

 

Најново во Меѓународен Фудбал