Нема никакви дилеми, голот на Меси е чист како солза

Жорди Алба: И судиите се луѓе и грешат, на Ла Лига итно и треба ВАР-системот (Видео)

Жорди Алба со гол во 82. минута и донесе еден бод на Барселона на дербито со Валенсија и спречи неправда, бидејќи гостите беа оштетени за чист гол во 30. минута. „На Ла Лига итно и треба гол-технологијата. Оштетени сме, но и судиите се луѓе и грешат“, вели Алба

објавено: 27 ноември 2017 - 08:02

Жорди Алба со гол во 82. минута и донесе еден бод на Барселона на дербито со Валенсија и спречи неправда, бидејќи гостите беа оштетени за чист гол во 30. минута.

„На Ла Лига итно и треба гол-технологијата. Оштетени сме, но и судиите се луѓе и грешат", вели Алба.

Некогашниот бек на Валенсија постигна израмнувачки гол во бурното шпанско дерби на „Месталја“, но Барселона беше драстично оштетена.

Меси во 30. минута упати удар кон голот на домаќините, Нето несмасно реагираше, топката му мина низ раце и заврши зад гол-линијата. Погодокот беше чист како солза, но судиите не ја проценија добро ситуацијата, па главниот арбитар Вилануева покажа играта да продолжи.

„ВАР-технологијата му помага на фудбалот, да се избегнат вакви грешки, кои скапо чинат. И судиите се луѓе кои грешат, но што да кажеме ние. Ни беше поништен чист гол. Заслуживме победа“, вели Алба.

Шпанската Ла лига се уште нема воведено гол-технологија, како што тоа е случајот во Премиерлигата во Англија и италијанската Серија А, каде веќе имаше неколку корекции по разгледување на спорните моменти со помош на ВАР.

Мечот заврши нерешено, 1:1, откако Валенсија поведе со голот на Родриго по еден час игра, а Алба израмни во 82. минута.

Најново во Меѓународен Фудбал