ГО БРАНИ АМА ДАЛИ Е ВО ПРАВО ТОА ШТО ГО КАЖУВА

Зидан: Бензема е најдобар напаѓач во светот

Тренерот на Реал Мадрид одговори на критиките кои ги упати поранешниот англиски репрезентативец Гари Линекер

објавено: 23 октомври 2017 - 14:50

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан застана во одбрана на Карим Бензема, откако голгетерот на „кралскиот клуб“ доби критики од некогашниот англиски репрезентативец Гари Линекер. 

„Ми пречат таквите критики упатени кон Карим, посебно од луѓе кои се разбираат во фудбалот. За мене Бензема е најдобриот напаѓач во светот. Не знам зошто луѓето мислат дека напаѓачот мора да дава по 50-60 голови во сезона. Карим тоа нема да го направи, но тој ќе даде 25-30 погодоци, но ќе созтдаде уште толлу шанси на соиграчите. Се нервирам кога луѓето ги критикуваат моите играчи“, рече Зидан. 

Бензема сезонава досега има постигнато само два гола во девет меча за Реал во сите натпреварувања.

Најново во Меѓународен Фудбал