ПО РЕМИТО НА „КАМП НОУ“

Зидан го израмни рекордот на Мурињо

Францускиот стратег го предводеше „кралскиот клуб“ до 17 меч по ред без пораз во Примера дивисион, со што го израмни постигнувањето на Португалецот Жозе

објавено: 4 декември 2016 - 09:00

Реал Мадрид успеа да остане непоразен на гостувањето кај Барселона, откако одигра нерешено 1:1. Со ова реми, „кралскиот клуб“ ја задржа предноста од шест бода пред вечниот ривал. Серхио Рамос со гол во 90 минута ја продолжи низата на Реал без пораз. 

Мадридскиот гигант е 17 средби без пораз во Примера, со што тренерот Зинедин Зидан го израмни клупскиот рекорд на Жозе Мурињо. Пред неколку години под водство на Португалецот, Реал немаше пораз 17 натпревари, а сега и Зизу е на истата бројка. 

Во следниот меч Реал ја пречекува Ла Коруња и ќе се обиде да го надмине овој рекорд на Мурињо. Интересно е што серијата на Зидан започна од финишот на минатата сезона и сега уште трае. 

Најново во Меѓународен Фудбал