СПОРЕД ВЕСНИКОТ „АС“, РЕАЛ ГО „НАГРАДИ“ ФРАНЦУЗИНОТ

Зидан има нов тригодишен договор?

Според шпанскиот спортски весник „АС", менаџерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потпиша нов договор со актуелните европски шампиони

објавено: 12 август 2017 - 13:00

Откако ја презеде работата на Бернабеу во јануари 2016, легендата на тимот Зидан имаше фантастичен успех, освојувајќи титули од Лигата на шампионите и од Ла Лига, така што ризикот на управата на кралскиот тим се исплатеше

Според „АС“, францускиот тактичар добива нов тригодишен договор, со што сака да се посочи на довербата која ја имаат во Зидан. Тој исто ака речиси ја удвои својата плата, од 4.35 милиони евра годишно, на речиси 8 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал