СЕЗОНАВА НЕ ФУНКЦИОНИРА „ПЛАНОТ Б“

Зидан не признава дека вториот тим му е катастрофа

Лани титулата во Ла Лига на Реал во голема мерка му ја донесоа резервистите, но најголем дел од нив си заминаа, а донесените замени не ги исполнија очекувањата

објавено: 10 мај 2018 - 11:45

Огромното заостанување зад Барселона во првенството и срамната рана елиминација во Купот на Шпанија, покажаа дека Реал Мадрид сезонава не можеше да се потпре на своите резерви. За разлика од минатата сезона, кога играчите од „планот Б“ како Хамес Родригез, Мората, Пепе, Коентрао, Данило, па и Ковачиќ, Иско и Асенсио кои останаа, му донесоа многу победи на тимот во шампионатот на мечеви на кои се одмораа главните ѕвезди и стартери во кои тренерот Зинедин Зидан има безгранична доверба, тоа исчезна. 

Доведени се млади играчи кои кога играат заедно со само двајца-тројца од онаа идеална 11-ка на Зидан, најчесто ги губат мечевите. Синоќа беа надиграни од Севилја, и повторно докажаа дека можеби летово ќе бидат ослободени. Ваљехо, Себаљос, Љоренте, Тео Ернандес, Мајорал и голманот Кико Касилја, кога играа заедно, Реал речиси секогаш губеше. Зидан смета дека проблемот бил слабото отворање на сезоната во Ла Лига, и не сакаше да ги критикува оние играчи кои се жалат дека имаат мала минутажа, а кога им се дава шанса, не ја користат. 

Некои фанови на Реал сметаат дека Кристијано Роналдо премногу често отсуствува од мечевите од шпанската лига за разлика од Лионел Меси кој ги одигра речиси сите мечеви и во лигата и во Лигата на шампиони, без многу да биде штеден.  

Капитенот на Реал, Серхио Рамос, додека како млад играше за Севилја, му даде гол од слободен удар на Реал, а сега во дресот на „кралскиот клуб“, тој нема многу среќа против неговиот екс клуб. Рамос во шпанската лига има два автогола во кариерата, и двата му се на гостување кај Севилја.  

.

 

Најново во Меѓународен Фудбал