ФРАНЦУСКИОТ СТРАТЕГ Е ПОД ГОЛЕМ ПРИТИСОК

Зидан пред отказ ако Реал денеска не победи

„Кралскиот клуб“ има тешко гостување кај екипата на Бетис, а челниците на клубот се надеваат дека конечно по четири нерешени средби, конечно ќе се израдуваат на триумф

објавено: 15 октомври 2016 - 11:20

Некогашниот најдобар фудбалер во светот, Зинедин Зидан ги преживува првите кризни моменти како тренер. Легендарниот Французин, веќе 10 месеци е на клупата на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид. Зидан е по притисок дека мора да победи на следниот меч, а тоа е вечерва на гостувањето кај Бетис, во примера дивисион. 

Реал е во низа од четири нерешени дуели и речиси еден месец нема победа. Серијата на нерешени започна против Вилјареал (1:1), а потоа следуваа и Лас Палмас (1:1), Борусија Дортмунд (2:2) и Еибар (1:1). Сега челниците му дадоа ултиматум дека конечно мора да се победи, а следи незгодно гостување кај Бетис. 

Во овие 10 месеци како предводник на Реал од клупата, Зидан успеа да го однесе тимот до рекордната 11 титула во Лигата на шампионите. Тимот имаше и низа од 16 победи по ред, што е клупски рекорд. Сепак сега екипата е во криза. 

„Никогаш не сум се сметал за врвен тренер. Секогаш се обидувам да го направам најдобриот потег за тимот и знам дека тоа е моја одговорност. Може сум ја освоил ЛШ, но никогаш не сум се сметал за најдобар тренер во светот. Млад сум во оваа работа. Имам желба да учам и да напредувам. Нема да ги коментирам критиките. И како играч прифаќав критики. Јас не сум го измислил фудбалот. Само можам да помогнам некои работи да бидат подобри“, рече Зидан, во пресрет на вечерашната средба против Бетис. 

Поради повреда, на гостувањето во Севилја, Зидан нема да може да смета на Хамес Родригес, капитенот Серхио Рамос, Каземиро и Лука Модриќ, но затоа се враќа Марсело. Средбата започнува во 20:45 часот.  

Најново во Меѓународен Фудбал