ТРЕНЕРОТ НА РЕАЛ МУ СЕ ВОСХИТУВА НА ПОРТУГАЛЕЦОТ

Зидан: Роналдо заслужува повеќе од четири „Златни топки“

Францускиот стратег не штедеше зборови за најдобриот играч на Реал Мадрид

објавено: 7 јануари 2017 - 18:15

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изрази големо задволство што во своите редови има играч како што е Кристијано Роналдо. Португалската ѕвезда ја покажа својата четврта „Златна топка“ пред дуелот против Гранада. 

„Роналдо освои многу повеќе од сите нас. Многу е добар. Заслужува повеќе од четири „Златни топки“. Се радувам за него“, вели Зидан, кој беше задоволен од убедливата победа од 5:0 против Гранада.

Реал за само 31 минута стигна до убедлива поредност од 4:0, а фаворитот до крајот го намали темпото и на крајот даде само уште еден гол за „петарда“ во мрежата на гостите.

„Не е лесно да се направи тоа што ие го направивме против Гранада. Започнавме многу силно, а фактот дека противникот не упати удар кон нашиот гол зборува дека сме играле многу добро. Најчесто кога ќе се дадат три-четири гола во првото полувреме, второто полувреме е тешко. Овојпат не беше така“, додаде Зидан.

Најново во Меѓународен Фудбал