ФРАНЦУСКИОТ СТРАТЕГ ИМА СВОЈ ПЛАН

Зидан со овие три трансфери ќе ја „елиминира“ Барселона

Популарниот Зизу се подготвува за купување во летниот преоден рок

објавено: 20 март 2017 - 10:30

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан посакал во 2017 година да направи точно три трансфери, со кои се надева дека ќе направи тежок удар кон најголемиот ривал Барселона. Францускиот стратег размислува за нов голман, бидејќи Кејлор Навас не е на посакуваното ниво. Како наследници на Навас се споменуваат Тибо Куртоа од Челзи или Давид де Геа од Манчестер Јунајтед.

Веќе подолго време, Реал сака на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе и Еден Азар од Челзи. Белгискиот репрезентативец е играч со техника како што му е потребна на „кралскиот клуб“. На радарот на Зидан се и две ѕвезди од француското првенство. Се работи за Марко Верати од Пари Сен Жермен и Бернардо Силва од Монако.

На Реал му истече суспензијата да не смее да прави трансфери, па се очекува да има жешко трансфер лето во Мадрид. 

Најново во Меѓународен Фудбал