РЕАЛ ИМА ГОСТУВАЊЕ КАЈ СЕВИЛЈА, НО МИСЛИ НА ЛИВЕРПУЛ

Зидан вечерва без девет важни играчи

Гостувањето кај Севилја ќе го пропуштат Навас, Карвахал, Варан, Марсело, Крос, Модриќ, Иско, Бејл и Роналдо

објавено: 9 мај 2018 - 13:00

Кејлор Навас, Дани Карвахал, Рафаел Варан, Марсело, Тони Крос, Лука Модриќ, Иско, Герет Бејл и Кристијано Роналдо. Ова не е составот на Реал Мадрид за вечерашниот заостанат прволигашки меч со Севилја, туку сите овие ѕвезди ќе го пропуштат дуелот од разни причини. Тренерот Зинедин Зидан им даде одмор на голманот Навас, Марсело, Модриќ и Крос. Роналдо, Иско, Карвахал и Варан имаат разни повреди, додека Бејл е суспендиран и нема право на настап. 

Финалето од Лигата на шампионите е приоритет на клубот, па не сакаат да ризикуваат на гостувањето на стадионот „Санчез Пичуан“ каде во последните години почесто губат отколку што победуваат, и до битката за европскиот трон против Ливерпул на 26 мај, целта на Реал е сите овие играчи да бидат здрави и подготвени. Вечерва во Ла Лига се игра уште еден заостанат меч, лидерот Барселона го пречекува Вилјареал, но и тој меч е без некое големо значење. 

Најново во Меѓународен Фудбал