ТРЕНЕРОТ НА РЕАЛ ВЕРУВА ВО СВОЈОТ НАЈДОБАР ИГРАЧ

Зизу: Роналдо ќе почне да дава по 2-3 гола на меч

Слабата реализација на Португалецот не го загрижува францускиот стратег

објавено: 25 октомври 2016 - 21:57

Слабиот ефект кој го има Кристијано Роналдо од почетокот на сезоната во шпанската примера дивисион воопшто не го загрижува тренерот Зинедин Зидан. Португалецот досега даде скромни два погодоци, што е негов најслаб старт на сезоната откако е дојден во Реал Мадрид. 

„Навикнат сум да го гледам како дава по 2-3 гола на меч. Сега уште не влегол во ритам, ама очекувам повторно да го гледам Роналдо со таков ефект. Мора да бидеме трпеливи“, рече Зидан.

Во Примера дивисион Роналдо досега има одиграно 242 средби, а постигнал 262 голови, што е неверојатен биланс. Реал утревечер игра во Купот на Шпанија и тоа на гости кај нисколигашот Леонеса. Се очекува Зидан да ги одмори тројцата напаѓачи Роналдо, Герет бејл и Карим Бензема.  

Најново во Меѓународен Фудбал