КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА НЕРВОЗАТА КАЈ ПОРТУГАЛЕЦОТ

„Златната топка“ ги скара Роналдо и Зидан

Кристијано се лути што не игра цел натпревар, бидејќи така има помалку шанси во трката да биде најдобар стрелец во Европа

објавено: 20 март 2017 - 13:20

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо му се налути на својот тренер Зинедин Зидан, иако „кралскиот клуб“ викендов победи на гости кај Атлетик Билбао со 2:1. Францускиот стратег реши да го извади Роналдо од игра во 79 минута, а тоа воопшто не му се допадна на Португалецот.

Според претпоставките, Кристијано негодувал бидејќи со тоа што не е на терен, му се намалуваат шансите во трката за освојување на „Златната топка“ која се доделува на најдобриот стретец во Европа. Роналдо моментно има 19 погодоци во Примера дивисион, четири помалку од неговиот голем ривал Лионел Меси, кој е водечки стрелец не само во Шпанија, туку во цела Европа.  

Најново во Меѓународен Фудбал