„КРАЛСКИОТ КЛУБ“ ОБЈАВИ ДОБРО ЧУВАНО ВИДЕО

Што прават и кои совети го добија играчите на Реал на полувремето од финалето во ЛШ против Јувентус (Видео)

Капитенот Серхио Рамос „пиштол гол“ се релаксирал за време на паузата меѓу двете полувремиња

објавено: 12 февруари 2018 - 19:15

Реал Мадрид ќе се обиде да го напрви неверојатното, а тоа е трета сезона по ред да стане победник во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ е првиот кој го одбрани тронот во ЛШ, а сезонава сака да направи „хет-трик“.  Реал в среда ќе игра против Пари Сен Жермен во првиот меч од осминафиналето во елитната лига. 

Од таборот на мадридскиот гигант објавија видео на кое се гледа како се однесувале и што правеле играчите, но и тренерот Зинедин Зидан, за време на финалето од ЛШ 2017 против Јувентус. На полувремето резултатот беше 1:1, но „кралевите“ во второто полувреме заиграа многу подобро и на крајот славеа со убедливи 4:1.

Капитенот Серхио Рамос се соблече целосно гол за да се релаксира и оддржа краток говор.

„Момци, мораме цврсто да се браниме. Тоа е најважно. Лесно ќе нападнеме, прво мора добро да се браниме. Ајде, ајде, никој не рече дека ќе биде лесно. Ќе биде тешко до крај и мораме на тоа да бидеме подготвени“, рече Рамос. 

После неколку минути во соблекувалната влезе и тренерот Зинедин Зидан, кој имаше што да ги советува. 

„Само две работи. Ова е финале. Знаевме дека мечот ќе биде тежок. Најважно е да бидеме агресивни во одбраната. Многу поагресивни, но тоа не значи дека треба да добиваме жолти картони. Малку поагресивни кога ја немаме топката. Тие играат 4-4-2 со Алвеш и Манџукиќ високо. Мора да ги турнеме назад. Иско мора да стоиш потесно на левата страна. Кога ја имаме топката мораме да бидеме стрпливи и да одиграме по крилата. Марсело и Дани виме мора да бидете подготвени. Лука, почесто оди нагоре, а ти Иско кога ќе ја префрлиме страната, барај поминување низ нивната линија. Кристијано вфрлувај се позади Бензема и подигнете го темпото. Немојте да одите само низ средина, префрлете на страните. Ајде само мирно, имајте на ум дека ќе се намачиме, бидејќи ова е финале. Но, голот ќе дојде“, рече Зидан и потоа плесна со рацете, па следуваше громогласен плесок од сите во соблекувалната. 

Реал во второто полувреме одигра многу подобро и даде три гола за убедлив триумф од 4:1 и радост за освоената титула во ЛШ.  

Најново во Меѓународен Фудбал