ПО ДОМИНАЦИЈАТА

Шведска одново го прескокна Ибрахимовиќ

Во периодот од 2007 до 20016 година, Златан Ибрахимовиќ освои десет награди за најдобар шведски фудбалер.

објавено: 13 ноември 2018 - 18:37

Но, втора година во низа признанието за најдобар фудбалер на годината веќе не е во рацете на Златан Ибрахимовиќ. Минатата година добитник беше Андреас Гранквист, додека оваа Виктор Линделоф.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед зад себе има солидна година која најмногу ќе ја памети по настапот во шведската репрезентација на СП во Русија, кога оваа екипа дојде до четвртфиналето.

„Ова е голем ден за мене, па би сакал да им се заблагодарам на сите кои ме подржаа“, изјави Линделоф.

 

Најново во Меѓународен Фудбал