ОД БЕНФИКА НАЗАД ВО МАТИЧНИОТ ТИМ

Швеѓанец со македонски корени, се врати во Малме

Ердал Ракип неколку пати бил контактиран од ФФМ за да игра за нашата земја, но засега нема ништо од облекување на македонскиот дрес

објавено: 12 февруари 2019 - 10:45

Ердал Ракип пред неколку дена се врати во својот матичен клуб Малме, по неуспешната втора „епизода“ во Бенфика. 

Ракип е интересен за нашата јавност по тоа што има македонски корени, но засега ниту го прифатил, ниту го одбил повикот од ФФМ. Ракип беше актуелен пред две години кога Малме играше против Вардар во квалификациите од Лигата на шампионите. Тој беше прашан дали би играл за Македонија, рече дека и натаму нема одлучено дали ќе игра  за Шведска или за нашата земја. 

Ракип сега е повторно во Малме, а надежта за нашата земја е дека тој и натаму не добива повици за шведскиот национален тим. 

Игра во средниот ред има 22 години, и би можел да биде големо засилување во средниот ред, кој и онака е со голема конкуренција со играњето на Барди, Николов, Спировски, Елмас... 

Најново во Меѓународен Фудбал