НЕ СЕ СИТЕ ВООДУШЕВЕНИ

Швеѓаните не го сакаат Ибрахимовиќ: Играме подобро без него

Златан Ибрахимовиќ и најавите за враќањето во редовите на шведската репрезентација за Светското првенство во Русија е главна тема овие денови.

објавено: 19 април 2018 - 14:05

Златан Ибрахимовиќ и најавите за враќањето во редовите на шведската репрезентација за Светското првенство во Русија е главна тема овие денови. Бројните фанови со голема радост ја прифатија идејата дека може да се појави на Мундијалот. Но, секако постојат и оние кои не се воодушевени.

Голманот на Шведска, Карл Јохан Јонсон верува дека враќањето на Ибрахимовиќ само ќе ја наруши хемијата во тимот.

„Успеавме да се пласираме на СП и без него, па мислам дека можеме да добро да играме без Ибра и на СП. Но, одлуката сепак е на тренерот. Сигурен сум доколку одлучи да се врати ќе игра добро. Како екипа играме тимски, додека со Златан, како фудбалер кој е индивидуалец, играта ќе се врти околу него. Без него играме тимски", изјави голманот. 

Најново во Меѓународен Фудбал