КОГА СИ ФАН НА АРГЕНТИНСКИОТ ГИГАНТ

Си го крстиле синот Ривер Плата

Нахуел и Ана Софија од аргентинскиот туристички град Пинамар станаа родители и одлучија својот син да го крстат Ривер Плата

објавено: 8 ноември 2018 - 20:00

Двајцата се фанови на „Милионерите" од Буенос Ајрес, па без проблем се договориле синот да им се вика Агустин Енцо Ривер Плата Бехарано. Второто име Енцо е по еден од најдобрите играчи на Ривер во историјата Енцо Франческоли.

Нахуел и Ана Софија се надеваат дека раѓањето на нивното дете ќе им донесе среќа ним и на клубот во финалето на Копа Либертадорес во сабота.

Најново во Меѓународен Фудбал