ФУДБАЛСКА ТРЕСКА НА ОСТРОВОТ

Сигурни се дека ќе играат финале: 60.000 Англичани побарале 16. јули да биде неработен ден

Овие денови во Англија владее фудбалска „треска“, ретко кој очекуваше дека оваа репрезентација ќе се бори за пласман во финалето на Светското првенство. 

објавено: 10 јули 2018 - 11:53

Најверојатно не постои ниту еден Англичанец кој ќе го пропушти дуелот со Хрватска, а сите речиси се сигурни дека нивната репрезентација ќе слави во полуфиналето, а потоа ќе се бори за пехарот и истиот ќе го подигне.

Токму затоа повеќе од 60.000 Англичани потпишале петиција, 16. јули да биде неработен ден. Финалето се игра на 15. јули, но хавивачите на „Гордиот Албион“ сметаат дека фудбалот во оваа земја ќе се врати токму таа вечер и затоа бараат следниот ден да биде неработен за да можат да ги дочекаат своите херои на најдобар можен начин, и секако да ја прослават титулата.

За полуфиналето со Хрватска бројот на англиски фанови ќе биде зголемен, а веќе се бараат билети и за финалето.

 

Најново во Меѓународен Фудбал