АНГЛИСКИОТ ГИГАНТ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД МАДРИДСКИТЕ ЅВЕЗДИ

Вчера играа еден против друг, а Манчестер двајцата ги носи на „Олд Трафорд“

„Црвените ѓаволи“ ќе платат 150 милиони евра за офанзивците на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид

објавено: 19 ноември 2017 - 22:30

Манчестер Јунајтед дефинитивно решил да доведе две големи засилувања на „Олд Трафорд“. Според најавите, најтрофејниот англиски тим подготвува сума од 150 милиони евра, која сака да ја искористи за купување на Герет Бејл од Реал Мадрид и Антоан Гризман од Алтетико Мадрид. 

Бејл дојде во реал во 2013 година, за тогашна рекордна сума од 90 милиони евра. Велшанецот за овие четири години постојано се бори со повредите, па поради тоа пропушти дури 40 отсто од мечевите на тимот. Тренерот на Манчестер, Жозе Мурињо, верува дека бејл ќе му биде од корист. Се очекува Реал да бара барем 60 милиони евра за да го пушти од „Сантијаго Бернабеу“. 

Вториот голем трансфер е наменет за голгетерот на Атлетико, Гризман. Францускиот репрезентативец има договор со „јорганџиите“ до 2021 година, а откупната клаузула му е околу 90 милиони евра. Ако успее Мурињо да ги доведе овие двајца, ќе мора да плати вкупно 150 милиони евра на мадридските екипи. 

Најново во Меѓународен Фудбал