ЗА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ПРОТИВ АНГЛИЈА И ИТАЛИЈА

Синот на Клинсман ќе дебитира за САД

Џонатан Клинсман, синот на славниот германски фудбалер и поранешен светскиот шампион Јирген Клинсман, првпат е повикан за репрезентацијата на САД за претстојните пријателски натпревари против Англија и Италија

објавено: 14 ноември 2018 - 14:00

Џонатан е роден во Германија, но многу млад заедно со своите родители се преселил во Калифорнија. Неговата мајка Деби е Американка, додека неговиот татко беше селектор на САД од 2011. па се до 2016. година.

Головите на неговиот татко Јирген ѝ помогнаа на Германија за да стигне до светската круна во 1990. година, а исто така со него во тимот „Панцерите" го освоија Европското првенство во 1996. година. Џонатан откако го напушти унверзитетот Беркли, претходната сезона потпиша договор со Херта Берлин. Џонатан кој е голман, досега има еден настап за тимот од главниот град на Германија, а редовно настапува за вториот тим на Херта.

Не сакав да потпишам за некој клуб од Англија или Америка, затоа што веќе го знаев англискиот јазик. За мене германскиот јазик не е довршен и сакав да се интегрирам во Германија. Роден сум во Минхен и многу сакав да го научам јазикот. Тоа беше еден од моите приоритети", кажа Џонатан кој претходно го носеше дресот на САД У20 на СП во 2017. година.

Најново во Меѓународен Фудбал