КРВТА НЕ Е ВОДА

Синот на Кристијано со „ножички“ погоди на „Паркот на принцовите“ (Видео)

Роналдо дефинитивно ќе има свој наследник

објавено: 9 март 2018 - 09:30

Кристијано Роналдо имаше свое шоу на дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, кога даде гол во победата од 2:1 во Париз и пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Интересно е тоа што само неколку часа пред почеток на мечот, за време на загревањето на играчите на Реал, на теренот се најде и синот на Роналдо.

Детето беше во петерецот кога Лукас Васкез нафрли една топка. Малиот Роналдо инстиктивно реагираше и со „ножички“ даде гол. 

Васкез му асистираше на Роналдо Јуниор на тренингот, а само неколку часа подоцна токму тој асиситираше и за погодокот на Кристијано и водството од 1:0. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал