УЕФА ГИ ОДРЕДИ НАЈДОБРИТЕ НА СЕКОЈА ПОЗИЦИЈА

Сите индивидуални награди за играчите на Реал

Доминација на играчите на европскиот првак

објавено: 30 август 2018 - 19:15

Кејлор Навас е прогласен за најдобар голман на сезоната 2017/2018. Тој од 2014 година е голман на Реал Мадрид и беше член на шампионската екипа во претходната сезона. Навас го освои првото место со 222 поени, пред Алисон Бекер (Ливерпул/Рома) кој освои 197, а трет заврши Џанлуиџи Буфон (ПСЖ/Јувентус) со 92 поени.

Серхио Рамос е избран за најдобар одбранбен фудбалер. Тој освои 184 бодови, пред вториот клупските колеги Рафаел Варан (167 бодови) и Марсело (145 бодови).

Лука Модриќ е најдобриот фудбалер од средниот ред. Хрватскиот ас, кој воедно беше најдобар фудбалер на Мундијалот, го освои првото место со 347 бодови, а Кевин де Брујн од Манчестер сити освои 114 бодови, додека трет е Тони Крос од Реал со 69 бодови.

Најдобар напаѓач е Кристијано Роналдо кој лани со Реал триумфираше во Лигата на шампионите. Тој освои 287 бодови и заврши пред Мохамед Салах од Ливерпул со 218 бодови и Лео Меси од Барселона со 43 бодови.

 

Најново во Меѓународен Фудбал