ОСТАНУВААТ ШАНСИТЕ НА „ГАУЧОСИТЕ“

СИТЕ ОПЦИИ ВО ГРУПАТА Д: Како може Аргентина до осминафинале?

На табелата во групата Д води Хрватска со шест бодови (5:0, гол разлика), пред Нигерија со три (2:2), а по еден имаат Исланд (1:3) и Аргентина (1:4).

објавено: 22 јуни 2018 - 19:36

После победата на Нигеријците од 2:0 против Исланѓаните, репрезентацијата на Аргентина и понатаму останува во игра за пласман во осминафиналето.

Хрватите сеуште не се сигурно први, ќе одлучи гол-разликата и во случај на пораз од Исланд во последното коло и убедлива победа на Нигерија над Аргентина ќе бидат второпласирани зад Африканците, но тоа можеби изгледа како „научна фантастика".

-КАКВИ СЕ ОПЦИИТЕ ЗА НИГЕРИЈА?-

Тие и со евентуален бод против Аргентина, не би биле сигурни, односно ќе стравуваат од можна победа на Исланд од 3:0 или повеќе против Хрватска, и во тој случај испаѓаат. Нигерија сигурно ќе бара победа и над „ранетата" Аргентина која без сомнение ја „славеше" денешната победа на Нигеријците. Во случај на пораз од Аргентина, ќе бидат елиминирани од СП.

-КАКВИ СЕ ШАНСИТЕ НА ИСЛАНД?-

Тие мораа да ја победат Хрватска, немаат друга алтернатива, доколку сакаат понатамошен пласман. Можеби ќе им се посреќи тоа што Хрватите одлучиле да играат со резерви, но како и да е ќе имаат дефинитивно тешка задача. Дури и да победат, нема да значи автоматско учество во осминафиналето, доколку Нигерија ја победи Аргентина, испаѓаат Исланѓаните, и доколку Аргентинците триумфираат со два гола повеќе од Исланд (на пример, Аргентина слави со 3:0, Исланд со 1:0), повторно „рибарите" испаѓаат.

Значи за Исланѓаните се следните две опции:
-ПОБЕДА, И НЕРЕШЕН РЕЗУЛТАТ НА МЕЧОТ АРГЕНТИНА-НИГЕРИЈА
-ПОБЕДА, И ТРИУМФ НА АРГЕНТИНА КОЈ НЕ Е ЗА ДВА ГОЛА РАЗЛИКА ПОГОЛЕМ ОД ОНОЈ НА ИСЛАНЃАНИТЕ

-ШТО Е СО АРГЕНТИНА?-

Победата е неопходна, но ќе зависи и од Исланд. Доколку Исланѓаните триумфираат, мора да победи со минимум два гола повеќе од Исланд ако сакаат пласман во осминафиналето. Евентуална победа против Нигерија и било кој резултат ќе им одговара на мечот Хрватска-Исланд што не е триумф на Исланѓаните.

Најново во Меѓународен Фудбал