ДЕНЕСКА Е ЖДРЕПКАТА ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ГРУПИТЕ ЗА СП 2018

Сите се молат на „божјата“ рака на Диего Марадона

Попладнево во 16 часот ќе започне ждрепката, по која ќе се знае како ќе бидат распределени најдобрите 32 селекции во светот

објавено: 1 декември 2017 - 10:20

Најдобрите 32 репрезентации во светот се во исчекување на добивање на противниците во групната фаза за Светското фудбалско првенство кое следната година ќе биде во Русија. Попладнево во Кремљ ќе биде ждрепката, кога треба да се одредат осумте групи, со по четири селекции. 

Еден од главните при извлекувањето треба да биде легендарниот Диего Армандо Марадона. Некогашниот аргентински виртуоз, заедно со Кафу, Пужол, Канаваро, Блан... и уште многу други легенди ќе бидат дел од ждрепката за Мундијалот. 

Покрај многуте фудбалски ѕвезди, на церемонијата ќе биде и рускиот претседател Владимир Путин. 

Сите 32 селекции ќе бидат распределени во четири барабани со по 8 репрезентации и тоа според рејтингот кој го имаат. Според планот, домаќинот Русија го има загарантирано местото во групата А како носител, а се останато ќе биде познато по извлекувањето на групите. 

Во ниту една група не смее да има повеќе од две европски репрезентации, како и повеќе од една од другите континенти. Еве го распоредот по кој ќе се одвива ждрепката, која започнува во 16 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал