„ГРАЃАНИТЕ“ ГО ПРЕЗЕМАА ПРИМАТОТ

Сити дава најмногу играчи на Мундијалот

„Граѓаните" ги поминаа Реал, Барса, Баерн, Јувентус...

објавено: 25 мај 2018 - 18:00

Манчестер сити е клубот со најмногу фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство во Русија ова лето. Пред неколку денови се објавени проширените состави на репрезентациите учеснички, а во моментов

„Граѓаните" праќаат 17 играчи на Мундијалот, а зад нив се Реал Мадрид со 16 играчи и Барселона со 13.
Во првите пет се уште Челси (13) и ПСЖ (12), а десетката ја пополнуваат Тотенхем (12), Манчестер јунајтед (11), Баерн Минхен (11), Јувентус (10), Атлетико Мадрид (9). Египетскиот Ал Ахли и истоимениот клуб од Саудиска Арабија испраќаат по осум репрезентативци. Арсенал и Ливерпул се зад нив со по седум играчи.

А за првпат во историјата на Мундијалите еден клуб ќе има претставници во сите групи. Тоа уникатно постигнување го запиша Барселона.

Најново во Меѓународен Фудбал