МОРА ДА РЕАГИРА И ПОЛИЦИЈАТА

Смртни закани за судијата кој го досуди пеналот за Реал

Нема мир за англискиот арбитар Мајкл Оливер 

објавено: 15 април 2018 - 12:30

Не стивнуваат реакциите по дуелот Реал Мадрид - Јувентус. Англискиот судија Мајкл Оливер кој го досуди пеналот со кој Реал помина во полуфиналето, добива смртни закани. Арбитарот нема профил на Твитер, но неговата жена Луси е член на оваа социјална мрежа. 

Токму тој профил на жената на Оливер била адресата на која стигнувале голем број на закани за судијата. Дел од заканите биле толку сериозни што полицијата дополнително внимава на безбедноста на судијата кој досуди пенал по кој Јувентус беше елиминиран, а Реал продолжи понатаму. 

Според многумина, пеналот во 93 минута бил престрого досуден, но има многумина и кој веруваат дека без разлика на времето кога е досуден, имало основ да се суди удар од 11 метри. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал